
Општина Струга конечно најавува решавање на проблемот со уличните кучиња.
Во новиот буџет на општина Струга, за 2023 година, се предвидени финансиски средства за третирање на кучињата скитници и поради оваа причина денеска во кабинетот на градоначалникот на општината, Рамис Мерко, на работна средба се поканети надлежни институции кои се занимаваат со овие прашања. Целта е да се намали бројот на кучињата скитници и особено нивната агресивност кон луѓето.
Првенствено ќе се заловуваат женските кучиња, потоа нивна стерилизација, што значително ќе влијае на наталитетот за најмалку 16 пати помалку. Следната активност ќе биде кастрација на машките кучиња и поставување на обетки или чипови за да се обележат како такви, некои од тие кучиња ќе останат изолирани додека нивната агресивност не се намали или целосно не се изгуби, додека дел од бројот на кучињата ќе се третираат според важечките закони, информираат од општината.
Од општината апелираат сопственици на домашни кучиња кои ги пуштаат на улица или кои ги чуваат во својот имот, да го ограничат движењето на кучињата според утврдените правила, бидејќи во спротивно ќе се соочат со високи глоби.
Силно нагласуваме дека Општина Струга е многу сериозна во извршувањето на оваа задача и затоа успехот ќе биде непосреден. Апелираме и бараме од граѓаните доколку приметат дотур на на кучиња скитници од другите општини, да ги сликаат возилата (автомобили, комбиња, камиони) кои ги истоваруваат овие кучиња скитници и овие слики итно да се достават до општина или до полиција. Општина Струга побара од надлежните органи да дежураат 24/7 и да ја контролираат оваа состојба, а воедно бараме и спроведување на законските казни кои се многу високи. Нема да толерираме никој што ги прекршува законите за заштита на животните и за здравјето на нашите граѓани, велат од Општина Струга.