
Македонскиот мултирелигиски живот има длабоки корени во земјава, но токму за време на празниците тој е најмногу видлив. Охриѓанецот Мети Жаку за Божик подели пакети со овошје и зеленчук.


Традицијата на почит едни кон други без разлика на религијата продолжува.
Во духот на најголемиот Христијански празник Божик, верниците од муслиманска вероисповед изразуваат почит кон своите соседи и сограѓани од христијанска вероисповед.
Еден таков пример на меѓусебно поврзување на граѓаните преку нивната различна верска определба ни покажа денес, нашиот долгогодишен соработник и пријател Мети Жаку, кој подели пакети со овошје и зеленчук на граѓани од православна вероисповед.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба се основни принципи на Исламот, велат од ЈП Градски Пазар Охрид.