Државниот завод за ревизија: Не се вложува во заштитата на културното наследство

Поради нередовна грижа, одржување и обезбедување, културното наследство во Македонија трпи оштетувања, загуби и уништувања, објави Државниот завод за ревизија. Ограничена е навремената и соодветна заштита на недвижните добра во земјава поради нејасните и необјективни критериуми за начинот на финансирање на културното наследство и распределбата на средства на надлежните институции.

Ова се дел од заклучоците на ревизијата на успешност на тема „Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализиација на недвижното културно наследство“ што го спроведе ДЗР.

– Мерките и активностите за заштита на надлежните институции не се доволни и ефикасни за потребната заштита и ревитализација и создава реална опасност за трајно зачувување на недвижното културно наследство за индните генерации – пишува во извештајот на ДЗР, пренесува Умно.мк.


Во извештајот на неколку страници се наведени препораки до многу институции надлежни за заштита на недвишното културно наследство. Дел од препораките до Министерството за култура се:
– да покрене иницијатива за донесување на нов закон за заштита на културното наследство;
– да се утврдат прецизни законски одредби за контрола на работењето над Управата за заштита на културното налседство;
– да се уреди детално поимот користење и управување со недвижното културно наследство во законот од страна на споствениците/корисниците;

Повеќе на Умно.мк

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани