Струшко Враништа единствено село во земјава каде има православна младина

Во струшко Враништа силно се негува православието и верата.  Тоа е единствено село во земјава каде има православната младина, која  брои 60 тина деца, од пет до 15 години, кои секоја недела се на богослужба во црква. Ги знаат и пеат црковните песни, учат веронаука, ја спознаваат библиската вистина, патуваат во цркви и манастири, организираат хуманитарни акции.

Свештеникот и учителката здружено направија спој на  верското воспитание и образованиот процес , за да ги воспитуваат децата да бидат чесни, да почитуваат, сакаат и помагаат.

Целта е младите да се научат на мудрост и човечност, да израснат во здрави и морални личности.

-„ Покрај црковните имаме и други едукативни активности со разни работилници со одржување на часови по веронаука. Посета на манастири и цркви низ нашата татковина и пошироко. И многу сме среќни бидејќи инетерсот на  младите од ден на ден е се поголем и со самото тоа воспитуваме и градиме една здрава младина“, вели свештеникот Ристе Наумоски.

Сите деца  пеат во црковниот хор, учат, играат и се дружат.

-„Во текот на службата ги слушаме молитвите и надвор во црквата играме се дружиме“, вели едно девојче.

-„Јас сум среќна кога ќе играме во дворот на црквата и кога внатре ги слушаме службите и пееме песни“, вели друго девојче.

-„Во црквата кога ќе додјеме многу ни е убаво. Ги слушаме молитвите“, вели едно момче.

Верата е ср’жта на човековата личност. Верското воспитание е потребно за меѓусебно   разбирање.

-„Пред две години со благослов на отецот започнавме со некои активности кои што ги иамме и слава на Бога се надеваме дека уште долго ќе опстојуваме. Имаме две хуманитарни акции едната е со прибирање на зимници за помош на сиромашни семејства“, изјави Јулијана Кицеска учителка во Враништа.

Изучувањето на сопствената вера е зачувување на вистинските вредности кон кои сите ние треба да се стремиме, велат родителите.

-„Нашиот отец многу се труди за сите деца да ги воведе во нашата религија, да се православни христијани да знаат песнички им дава и причест“, вели еден родител од Враништа.

Веронауката има за цел да ги поттикне учениците на одговорно однесување во училиштето, во семејството и во животот,  да развиваат дух на толеранција и почитување на различноста меѓу луѓето. 

Видео:

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани