Празниците го наполнија Детското одделение во Струга

За време на празниците голем наплив на пациенти на детското одделение во Струга. Само на Новогодишната ноќ ,1ви и втори јануари имало околу 500 деца. Голем број пациенти, над стотина дневно има и за Божиќните празници. Најчесто вирусни инфекции, респираторни проблеми и настинки.

Само пет специјалисти педијатри се грижат за лекување на децата од целиот регион Охрид, Струга, Дебар и Ресен.

-„Најактуелни се вирозите, меѓутоа и оние стари инфекции, распираторен вирус посебно ги напаѓа малите доенчиња одма слегува на белодробие прави бронхопневмонија. Така да тие мора да се хоспитализираат“, вели д-р Влатко Мицкоски педијатар од Струга.

Детското одделение во Охрид повеќе од една година, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта. Лекарите од Струга се жалат дека се преоптоварени од работа, родителите пак, се жалат дека патуваат во Струга и чекаат долго за преглед, бараат надлежните да изнајдат решение.

„Детското одделение работи само две смени, меѓутоа ноќните смени не ги покрива. Немаат кадар и нив ги сфаќам. Не може двајца педијатри во Охрид да држат постојано дежурства“, вели Мицкоски.

Последната најава од министерство за здравство е дека во тек е решавање на проблемот, наскоро двајца педијатри од земјава ќе дојдат да работат во охридската болница.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани