Објавени конкурсите за доделување стипендии на ученици и студенти

Општина Охрид ги објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република
Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2022/2023
година кои живеат во потешки социјални услови.
I. Воведни напомени:
Општина Охрид ќе додели студентски стипендии и тоа:
А) стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година од
општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМ, за академската
2022/2023 година, кои живеат во потешки социјални услови.
Б) стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година од
општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји за
академската 2022/2023 година, кои живеат во потешки социјални услови;
А) Стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година кои
студираат на државните универзитети во РМ кои живеат во потешки социјални
услови;

Право на стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I
година кои студираат на државните универзитети во РМ кои живеат во
потешки социјални услови, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните
услови.

Стипендии ќе се доделуваат и за учениците во средните училишта.

Општина Охрид за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на
ученици од средни училишта и тоа:
• стипендии за талентирани ученици од I, II, III и IV година од средните
училишта во општина Охрид;
• стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици
кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран
родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања
или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана
парична помош) од I, II,III и IV година од средни училишта;
• стипендии за посебни остварувања на ученици од I, II, III и IV година кои
постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата,
музичка, ликовна уметност и други вештини.

Општина Охрид за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на
ученици од основните училишта во општина Охрид и тоа:
• стипендии за талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од
основни училишта во општина Охрид;
• стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици
кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран
родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања
или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана
парична помош) од VI, VII,VIII и IХ одделение од општинските основни
училишта;
• стипендии за посебни остварувања на ученици од прво до деветто
одделение кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот,
литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за 9 (девет)
месеци, во текот на учебната 2022/2023 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани