Охриѓанка се спушти во длабочините на Црвеното море и постави македонски рекорд!


На 24 декември охриѓанката Симона Трповска се спушти до 102 метери во длабочините на Црвеното море во Египет, што е македонски рекорд во техничко нуркање. За подвигот оваа млада успешна дама интензивно се подготвувала една година, во што и помогнал искусен инструктор од Египет, кој воедно е сопственик на светскиот рекорд во длабинско нуркање, објави порталот Охридњуз.


-За да можеш да одиш на длабочини над сто метри треба да поминеш низ интензивни тренинзи и едукација. Јас сум рекреативен нуркач од 2007 година, а со техничко нуркање почнав да се занимава од минатата година, на што ме поттикна мојата пријателка, Ирина Милошевска, првата жена технички нуркач во Македонија. Контактирав повеќе инструктори, меѓутоа најмногу впечаток ми остави Ахмед Габр, инструктор од Египет кој воедно го држи гинисовиот рекорд за најдлабоко нуркање од 332,5 метри. После неколку разговори со него се договоривме да започнам со тренинзи. – истакна Трповска во емисијата Спорт + на Охридњуз.


Тренинзите и подвигот, внимателно биле планирани со сета потребна логистика поддржана од тимот на „Габр Тек“. Истите, Трповска ги реализирала под водство на Габр со повеќе миксови на гасови. Покрај интензивните тренинзи на различни локации во светот, Симона пред поставување на националниот рекорд во длабинско нуркање, се здобива со Меѓународен сертификат „Advanced Trimix Diver“, за техничко нуркање до 100 метри, што воедно е највисок сертификат за длабинско техничкото нуркање, кој овозможува нуркање со мешавина од три гасови (хелиум, кислород и азот), кои се комбинираат согласно планираната длабочина.


Симона Трповска води сопствена фирма за консалтинг и пристап до финансии, И-ДС Коучинг и Консалтинг дооел, а нуркањето и е големо хоби на кое, исто така, му пристапува исклучително сериозно. Потврда на тоа е подвигот остварен во Египет.

Видео

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани