

Денес жителите на градот Струга се разбудија повторно со истрели и повторно со жртви од страна на двајца монструми, пишуваат од Анима Мунди.
За нешто помалку од 24 часа се убиени повеќе од дваесетина бездомни кучиња и се повеќе е очигледно дека убијците немаат намера да сопрат а Министерството за внатрешни работи очигледно е незаинтересирано и неспособно да се справи со каубојците во Струга. Ова човеколико суштество што со оружје во раце го гледа во очи кучето чиј живот ке биде одземен за неколку минути мора да одговара за убиство!
За таа цел здруженијата за заштита на животните, независните активисти и љубители ке ги искористат сите ресурси со цел да ова крвополевање сопре и утрово сите од нас упатија отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи:
Полициските службеници при увид одбиле да повикаат јавен обвинител и одбиле да ги пратат лешевите на обдукција бидејќи била СКАПАПри обдукцијата во ветеринарна станица во Битола СВР Битола одбиле да го превземат доказниот материјал – куршумите бидејќи не било нивна работаКако МВР планира да открие кои се каубојците во Струга кои искористиле цел арсенал муниција од кои 7 куршуми во едно куче?
Која европска држава, кое современо општество, кое министерство на чело со министер повеќе од 24 часа молчи за настанот и практично ги охрабрува монструмите да убиваат во два наврати, стои во отвореното писмо до Спасовски.