Билко: Закони за заштита на животните има, но никој не ги спроведува

Закони за заштита на животните во земјава има, но тие се мртво слово на хартија. Не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман.
Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат надлежните институции не преземаат ништо.


-„Итно мора да се реши овој проблем, состојбата е алармантна и итно ама итно мора да се преземат мерки за уличните кучиња. Ние како љубители, активисти кои спаѓаме во здруженијата за заштита на животните апсолутно не оправдуваме да има чопори и глутници туку да се тргнат, а институциите да го решат проблемот“ вели Снежана Билко активист.

Активистите за заштита на животните велат згрозени се од грозоморното убиство на повеќе кучиња во Струга. А најзагрижувачки е што голем дел од граѓаните го поддржуваат убивањето на животни, токму затоа итно мора да се работи на подигнување на свеста кај населението.

-„Сакам да изразам жалење за се она што ни се случува изминативе денови во Струга. Тоа се грозоморни убиства тоа не се човечки битија тоа се мнструми кои со пушка среде бел ден убиваат животни. Мора да научиме дека треба да работиме на подигнување на свеста треба кампањи за свеста кај луѓето, затоа што тие кучиња се таму на улиците од факторот човек“, додава Билко.

Активистите се децидни, надлежните мора да преземат итни мерки пред да се случи некој нов масакр, како оној пред два денови кога со пушка беа убиени десетина кучиња во Струга. Тие за утре најавуваат масовен протест пред Влада.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани