

Струшкиот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Мирче Аџиоски, вели стружани мака мачат со уличните кучиња со години, а власта нема волја да го реши проблемот.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Струга поднеле амандман за изградба на соодветно прифатилиште за бездомните кучиња, но коалицијата СДСМ ДУИ го одбиле без образложение. ,
-,„Изградбата на ова прифатилиште ќе го решеше трајно овој проблем со кучињата а понатака ова пригатилиште можеше да прерасне во регионален стационар за згрижување на иулични кучиња каде што и околните општини ќе се справе на тој начин со уличните кучиња“ вели Мирче Аџиоски пратеник од ВМРО ДПМНЕ од Струга.
Стружани се загрижени за својата безбедност и безбедноста на нивните деца, речиси секојдневно има напади од страна на агресивни улични кучиња, вели Аџиоски.
-„Проблемот се провлекува години наназад. Оправдана е реакцијата на граѓаните од Струга бидејќи со години се соочуваат со загриженост за нивната безбедност и нивните деца. Секојдневно се изложени на напади од страна на агресивни кучиња, а локалната ништо не презема. Последно што се случи беше нападот на десетгодишно дете кое со тшеки повреди заврши на хируршкото одделение во струшката болница. Потребно е итно системско решение, не е решение во убивање на кучиња“, вели Аџиоски.