ВИДЕО: Почна карневалското лудило во Вевчани

Во падините на Јабланица започна карневалското лудило. Вевчани денес наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира.

Зурли, тапани, стотици маски продефилираа низ вевчанските улици. Покрај традиционалните зетот и невестата, Глупавиот август и ѓаволите,  Во фокусот на карневалот годинава е економската криза, инфлацијата, војната во Украина, спорот со Бугарија и евроинтеграците на земјава.

Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, василичарите  немаат намера да навредат .

Вевчанскиот карневал привлекува голем број туристи од земјава и светот, но и новинари и фотографи кои се воодушевуваат од изворната традиција.

„Некој ми ги покажа фотографиите од Вевчанскиот карневал се воодушевив колку е уникатно и старо ова карневалско случување, кое ја продолжи традиуцијата и во време на пандемијата и затоа дојдов“, Герен Смит фотогртаф од Амстердам.

Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, со маските и ритуалите се обидуваат да го избркаат злото.

Пишаните  извори сведочат дека Вевчанскиот карневал е стар најмалку 1.500 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на паганските  со христијанските обичаи.Карневалот завршува утре со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските.

ВИДЕО:

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани