
Во една вечер, две тепачки во Охрид.
Едната се случила во угостителски објект на Кеј македонија.
На 15.01.2023 година во 03.40 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Т. врз Ѓ.М.(42) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Другата тепачка исто меѓу две лица се случила на улица „Спас Банџов“.
На 15.01.2023 година во 00.10 часот, во СВР Охрид приведен е В.С.(40) од Охрид кој претходно, на улицата „Спас Банџов“ во Охрид, физички и со употреба на дрвен предмет го нападнал Г.Ш.(30) од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.