Тројца охриѓани претепале сограѓанин

Тројца охриѓани претепале сограѓанин.

На 19.01.2023 година околу 22.30 часот, во Охрид пријавен е физички напад врз 21 годишно лице од Охрид од страна на тројца напаѓачи, сите од Охрид,. На повредениот му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од повредениот.,прво бил нападнат во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани