

Охриѓанец ги попречувал полициските службеници да работат.
На 19.01.2023 година во 14.45 часот во СВР Охрид приведен е Ј.В.(52) од селото Брежани, општина Дебрца, кој претходно, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, со недолично однесување кон граѓаните го нарушил јавниот ред и мир. При преземањето на службените мерки, полициските службеници со агресивно однесување биле попречувани од М.А.(49) од Охрид. Тој е приведен и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во билтенот на СВР Охрид.