

Претепаниот Христијан Пендиков од Охрид со бугарско државјанство и секретар во бугарскиот клуб Охрид, кој синоќа беше претепан е евакуиран и ќе се лекува во болница во Софија каде ќе му биде укажана лекарска помош. Со авион на бугарската влада пред околу 2 часа, кој слета на охридскиот аеродром го зеде повредениот за болнички транспорт до Софија. Ова доаѓа откако шефот на бугарската држава Румен Радев изрази цврст став за инцидентот.
Радев најостро го осуди, како што вели систематското кршење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза и повторно ќе го постави ова прашање пред европските лидери и институции.
Шефот на бугарската држава „смета дека искажаните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат македонските Бугари во Македонија“.
Синоќа во Охрид беше претепан секретарот на Бугарскиот клуб Цар Борис Трети, Христијан Пендиков. Од полицијата го потврдија инцидентот кој започнал околу 22 и 30 мин во угостителски објект.Пендиков ги пријавил напаѓачите а потоа отишол до болница каде му е укажана лекарска помош.
,,Според пријавеното од Х.П.во Угостителски објект лоциран на Кеј Македонија во Охрид а потоа и надвор од објектот физички бил нападнат од С.К.СК.И.С сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во општата болница во Охрид- велат од СВР Охрид,
Нападот врз Пендиков во бугарските медиуми и кај десничарските политичари се толкува како обид за убиство, а со остра реакција и протестна нота се јави и бугарското МНР.
телоп:
,,Амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи и ќе и` биде врачена протестна нота во врска со тешкото кривично дело извршено над државјанин на Република Северна Македонија со бугарски идентитет и секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид. Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија, соопшти бугарското МНР.”
Утрово реагираше европратеникот Андреј Ковачев.
Бугарскиот пратеник и лидер Костадин Костадинов пак нагласи дека Бугарија треба да го покрене ова прашање на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на 23 јануари пред Џозеп Борел.
Осуда за инцидентот упати и македонското МНР. Министерот Бујар Османи побара од институциите што поскоро да го решат случајот и најави дека ќе го посети повредениот во болница.
Од Клубот цар Борис Трети во Охрид беше отворен на 7 октомври минатата година, проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.Неколкупати потоа беше оштетен излогот и таблата на канцелариите на клубот но членовите експресно ги поправаа штетите.