

Полицијата ги приведе напаѓачите на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид.
Полициски службеници од СВР Охрид денеска (20.01.2023) по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид. По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.