Учениците од Лабуништа од утре ќе ја бојкотираат наставата

Над илјада ученици од село Лабуништа од утре започнуваат со бојкот на наставата во основното   и средното образование. Одлуката е донесена, синоќа на граѓански собир организиран од Месната заедница на Лабуништа, во знак на револт на работењето на каменоломите.

Велат со години каменоломите во селото им го уништуваат здравјето, бараат надлежните итно да го забранат нивното работење.  

– „ Самото население бара бојкот на наставата на основното и редното образование. Ова го велам затоа што нашите институции немаат никаков слух и ова население е оставено како да не постои“ , изјави Агим Салиески од ЗГ Натура Лаб во декемви лани.

Според податоците на Здравствениот дом една третина од населението има распираторни заболувања поради штетните честички и  правот кој го вдишуваат. Анализите покажуваат и  големо  загадување на плодното земјиште.

-Во последните три години имаме 1850 распираторни заболувања, а тоа е едена третина од граѓаните, изјави на протестите  Алија Ќазими, правник во Здружението на граѓани  Натура Лаб.

Мештаните обвинуваат дека концесионерите  незаконски го прошириле опфатот за ископи, веднаш до куќите во селото.

Речиси дваесет години жителите на Лабуништа   бараат затворање на каменоломите.

Министерството за економија  во 2020 година им ги одзеде концесиите и им забрани работа, но во септември лани повторно проработија, поради тоа што оваа одлука падна на Управен суд.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани