Нов напад од бездомни кучиња во Струга

Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни кучиња.
Денеска околу 17ч пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишна девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници од кои две ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа. Едното куче ја каснало за левата нога нанесувајќи и длабоки, видливи рани со видливо крварење, а второто ја каснало за десната рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди. Девојката неможејќи сама да се движи и справи со ситуацијата ги повикала својот татко и една своја другарка да и пружат помош по што во видно вознемирена состојба била одведена во хируршкото одделение од струшката болница каде и биле санирани раните и била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани