Вирусoт кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми

Вирусoт кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми, смируваат лекарите.

Доктор, Даниловски вели дека нема причини за никаква загриженост затоа што се работи за високо заразен вирус, но со поблаги симптоми.

„Состојбата е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Кај стари лица со хронични болести, односно ослабен имунитет, постои ризик да завршат во болница. Исто како кај досегашните соеви на омикрон. Еволуцијата на короната неизбежно ќе се движи во насока на јавување на соеви, кои се позаразни од претходните, но кои истовремено ќе предизвикуваат поблаги симптоми. Сведоци сме дека тоа се остварува“, напиша д-р Данаиловски на својот фејсбук профил.

Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот.


Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома.Исто така, мудро би било, постарите граѓани со хронични болести и други со компромитиран имунитет да одлучат да се вакцинираат и против корона и против грип. Зашто, во ек е сезоната и на грипот. И толку“, препорачува д-р Даниловски.

Social profiles