Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид Ресен.

На 22.01.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец,управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р.  констатирани се тешки телесни повреди. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани