Османи: Не ми е важна истрагата, туку што ќе каже „оштетениот“ и неговите родители

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нему не му е важно што ќе каже истрагата за нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков во Охрид, туку што ќе каже „оштетениот“ и неговите родители, во интервју за бугарската телевизија „БТВ“, пренесува СДК.

Османи вчера беше да го посети Пендиков во болница во Софија, откако тој беше пренесен таму на лекување со бугарски владин авион.

„Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто.

Таа теза Османи ја повторно и подоцна во интервјуто.

„Како што кажав за случајот на Христијан, не ми е гајле што вели истрагата. Мене ми е важно што родителот на Христијан вели дека бил нападнат поради бугарска етничка припадност. И мене ми е тоа доволно за денес да дојдам во Софија и да пратам порака“, вели Османи.

Извор СДК

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани