

Повозрасен охриѓанец изградил куќа без дозвола, заработи пријава за бесправно градење.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа. По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од опшина Охрид, било донесено решение за отстранување на нелегалната градба, информираат од СВР Охрид.