По седум месеци започна судењето за родилката од Дебар, која при царски рез остана без три органи

Со потресно сведоштво на родликата од Дебар, која при царски рез изгуби три органи, денес во струшкиот суд започна судскиот процес против тројцата лекари. Медицинската сестра Јилдаз Веапоска низ солзи раскажуваше за целата голгота која ја минала  во болницата во Струга, 14 дневната кома, неподносливите болки и повеќето оперативни зафати. Вели била на работ на смртта и молела за помош,  а денес живее со трауми,  без бубрег, матка и јајник.

Многу ми е лошо, така да останеш без органи е многу тешко, е многу тешко да се расправаш по овие судски врати со лекарите кои не ја признаваат вината“, изјави Јилдаз Веапоска оштетената родилка од Дебар.

Тројцата лекари од струшката болница кои што се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето не сакаа да зборуваат пред медиумите.

 На судското рочиште докторите  Мухамед Асани,неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска  кажаа дека не чувствуваат никаква вина. Поранешниот директор  ги обвини медиумите за некоректно известување.

„Никаква  изјава за вас не давам , бидејќи не сте биле коректни. Во се не сте биле коректни“, дофрли зад камерите Мухамед  Асани првообвинетиот лекар.

Според обвинението лекарите при царскиот рез и ја  оштетиле  левата бубрежна артерија на Веапоска , но не презеле мерки, само и давале терапија при што таа паднала во шокова состојба и повторно ја оперирале.Тогаш и ја отстраниле матката и левиот јајник кои не биле повредени.  Крварењето не застанало, а со втор зафат откриле дека е оштетена артерија и настанало тешко нарушување на здравјето и бил отстранет и левиот бубрег. На крајот во критична состојба  била пренесена на Карил во Скопје. Следното судско рочиште е закажано за 10 март.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани