Ќе се дисциплинираат работодавачите, новиот закон наместо опомена предвидува глоба

Новиот нацрт-Закон за работни односи предвидува за најголемиот број прекршоци на правата на работниците да нема прво опомена за газдите туку директно да им се изрече прекршочна глоба. Според министерката Тренчевска, недозволиво е да се опоменува некого за тешка повреда на правото.

Вели, анализите на Трудовиот инспекторат детектирале многу злоупотреби, па целта овие измени е повеќе да се дисциплинираат работодавачите.

„Опомената е за многу мал дел на прекршувања. На пример, ако не се почитува одредбата договорот за вработување да стои во седиштето на работодавачот, или неинформирањето на работниците за своите права – овде имаме опомена. Но за се она што значи непочитување на евиденција на работно време, неисплаќање на додатоци и слично одиме директно со наредба и со прекршочна глоба.– Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Тренчевска е децидна дека зголемувањето на породилното отсуство од 9 на 13 месеци нема да го оптовари буџетот на Фондот за здравство, а колку плус пари ќе се одвојат ќе се знае наскоро.

„Тие средства се предвидени во буџетот на МТСП, ние ги префрлуваме кај фондот а фондот ги доставува до нивните осигуреници. Проекциите ги правиме во моментов додека траат јавните расправи, ќе го имаме и решението,– Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Јавните расправи со синдикатите и работодавачите започнаа во декември. Министерството очекува законот да се усвои кон крајот на јуни.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани