

Побогата туристичка понуда привлекува повеќе туристи. Охрид мора да работи на нови туристички приказни. Современите туристи денес не доаѓаат за сонце и плажа,тие трагаат по невообичаени искуства и услуги.
Авантуристичкиот туризам покрај природата треба да се надополнува со нови современи но автентични и уникатни услуги кои го карактеризираат регионот.
Една од нив е етно масажа во природа, на сено и миризливи билки од ова поднебје, приказна на охриѓанката Сузана Наумоска, која успешно опстојува неколку години.


„Собирајќи го сеното го ставаме на козметички кревет го затоплуваме, бидејќи само така тревките ќе го пуштат својот ароматичен мирис. Понатака во базични масла ставаме рузмарин, жалфија, лаванда, нане во зависност од вкусот на клиентот и масажата се прави на отворено во амбиент со селски производи, кој што на отворено ни прави комплетна релаксација“, вели Наумоска.
Оваа туристичка услуга доби неколку меѓународни признанија. Туристичките познавачи велат треба да биде поттик за сите да бидат иновативни и да вметнуваат нови автентични услуги со кои ќе ги анимираат гостите.
-„Бевме во 30 те компании во Македонија со иновативни идеи. Влеговме и во тој регистар. Во Србија на еден настан за спа и велнес каде беа министерство за економија и сите туристички агенции добив награда жена на 21 век. Покрај еден болен човек кој што оди на рехабилитација во бањите уште четворица здрави им требаат анимација на туризам. Ова е анимација сега во Бар се вратив со уште една награда. Ова е начин да ги вратиме сите во село и во традиција“ вели Наумоска.
Ваквите понуди овозможуваат незаборавни спомени и доживувања на туристите, кои ќе се раскажуваат и привлекуваат нови гости. За креирање на нова туристичка приказна потребна е само идеја, потоа желба за нејзина реализација, велат туристичките работници.
Новинар Соња Рилковска