Фатени две лица со марихуана

Во два засебни случаи кај две лица е пронајдена марихуана.

На 24.01.2023 во 14.15 часот на улица „Караорман“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Д.(43) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во другиот случај, жител на Охрид со марихуана е фатен кај Подмолје.


На 24.01.2023 околу 18.00 часот на магистралниот пат Подмолје-Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода З.К.(45) од Охрид, затоа што при преглед кај него и во патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со сопатникот во возилото С.К.(53) од Охрид. По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани