Професори од колеџот „Жеси де Форест“ им предаваа на студентите на ФТУ

Изминатите денови на посета во Охрид беа преставници од колеџот Жеси де Форест од Авен сур Хелп – Република Франција.
Професорката Кристел Леруа и шеф Фредерик Рус реализираа Еразмус+мобилност за продлабочување на односите со Факултетот за туризам и угостителство и средното угостителско училиште Ванчо Питошески.

Во понеделникот 23. јануари делегацијата оствари средба со деканот на ФТУ проф. д-р Снежана Дичевска и раководителот на студиската насока Гастрономија доц. д-р Климент Наумов. Истиот ден делегацијата оствари средба со директорот и управата на училиштето Ванчо Питошески. Се разговараше за идни проекти и реaлизација на нови мобилности во Франција на студенти и ученици од двете институции, како и професорски кадар.

На 24. јануари во кабинетот по готварство при ОУТУ Ванчо Питошески се изврши демонстрација на подготовка на топло тесто (pâte à choux) и слаткарски крем (crème pâtissière) како и нивна терминална реализација и спојување во форма на еклери и профитероли од страна на шеф
Фредерик Рус, а во асистенција и јазична практична интерпретација на професорот Климент Наумов, информираат од ФТУ Охрид,

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани