Може да се сруши покривот на ранохристијанската базилика на Плаошник

Музејските објекти претрпуваат разни оштетувања под дејство на различните атмосферски влијанија. Во низата објекти врз кои треба да се интервенира се спомен куќата на Григор Прличев и Ранохристијанската базилика на локалитетот Плаошник, пишува ТВМ телевизија.

Од неодамна попуштила рамката на надворешениот прозорец на спомен куќата на Григор Прличев. Во годината која што доаѓа, покрај, потребата од санација на овој обејкт треба да се поправи и кровната конструкција на Ранохристијанската базилика. Дел од кровот кој треба да го штити мозаикот е оштетен и може да се сруши.

Потребно е тековно одржување на сите објекти и предвидени се средства за санација во годишната програма која е поднесена до Министерството за култура, информира Катерина Велкоска, директорка на НУ Завод и музеј.

„Во 2000 година е направен кровот на базиликата. Времето го направило своето. За следната година ќе имаме санација на објектот“, вели Велкоска во изјава за ТВМ ТВ.

установата презела повеќе активности за поправки врз музејските објекти во Охрид. Санациони активности се преземени врз објектите музеј на Куќата на Робевци и Куќата на Христо Узунов. Поправени се оштетувања на кров, прозорци, но и делови од внатрешноста на музејските објекти, а поправки ќе има и во спомен куќата на Григор Прличев.


Целиот текст на ТВМ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани