
На денешната средба со владата и претставници на месната заедница Лабуништа, надлежните ветија решавање на проблемот со каменоломите, Министерот Бектеши побара трпение од жителите на Лабуништа и најави вонредни инспекции.
На средбата беше пренесена пораката дека Лабуништа итно, бескомпромисно треба да биде ослободено од Каменоломите и воедно беа приложени докази за законски прекршувања кои се основ за одземање на концесиите.
Владата, особено Министерот Бектеши како надлежен беше запознат со претставките и потенцира дека детално е запознат со проблемот во Лабуништа. Уверуваше дека ќе следи вонредни инспекциски надзор, а резултатите ќе бидат во краток рок.
Да напоменеме, во моментов решение за одземање на концесии или дислокација нема!
Од нас како Претставници и од жителите на Лабуништа побараа воздржаност, во разумен рок да ги препуштат институциите во спроведувањето на потребните мерки, информираат од МЗ Лабуништа.
Во понеделникот жителите на струшко Лабуништа најавија бојкот на наставата, но ја повлекоа таа одлука. Претходно пред Нова година организираа масовни протести.