Нов напад на глутница кучиња во Струга, општината бара да сопре говорот на омраза

Состојбата со бездомните кучиња во струшко е алармантна. Секојдневно на социјалните медиуми се објавуваат нови видеа од агресивни глутници кои напаѓаат низ градот. Од друга страна активистите алармираат за масовни труења на животните. Синоќа од камера на деловен објект беше споделено видео од напад на глутница кучиња.

ВИДЕО објавено на Vox Струга од страна на Бесник Асани.

Од општина Струга бараат да сопре говорот на омраза и навредите на социјалните медиуми во спортивно ќе пријавуваат во полиција.

Сосема сме  свесни за состојбата со кучињата скитници во нашиот град, особено последниве денови, кога бевме сведоци на агресивни напади од овие животни врз граѓани, млади и стари, без разлики. Општина Струга е ангажирана на повеќе насоки за што поскоро решавање на овој проблем.
Сепак, многу внимателно ги следиме печатените и електронските медиуми, како и социјалните мрежи и забележуваме една многу сериозна појава. Секаде читаме и слушаме говор на омраза, со многу висока доза. Се разбира, не можеме да ја изгасиме или блокираме емоцијата на граѓанинот, кој во многу случаи е сосема во право, а понекогаш и ние се согласуваме со него.
Сепак, ние во никој случај нема да дозволиме институцијата општина или градоначалникот да бидат цел на поединечни изливи, или пак место каде што некој од вас сака да го изрази својот највалкан можен речник. Не дозволуваме да не нарекувате убијци и платеници, со крвави раце, место на ужасот, бескрупулозни, големи кучиња на општината, и што ќе ви дојде при уста!
Нема да дозволиме никаква навреда, понижување, омаловажување, говор на омраза, неосновани обвинувања, провокации или нарушување на човечкото достоинство. Воедно ве замолуваме да не употребувате таков јазик кој не доликува на граѓанин стружанец. Нашата молба ја придружуваме и со еден вид на предупредување да престанете со говорот на омразата, бидејќи во спротивно ќе бидеме принудени да ги пријавиме овие граѓани пред надлежните органи, со една цел, заштита на човечкото достоинство.
Несомнено, оваа состојба ќе се промени, но повторно апелираме до сите граѓани да имаат свој удел во решавањето на проблемот, со пријави во полиција кога ќе видат како камионите полни со кучиња се истоваруваат овде од целата држава, кога ќе видат како сопствениците намерно ги пуштаат кучињата на улица, кога ќе увидат дека домашните кучиња не се вакцинирани или немаат чипови и други слични случаи. Слободно изразете го вашето мислење, но во насока на решавање на проблемот, затоа ве молиме бидете мирни и разумни, стои во апелто на општина Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани