Приведен малолетник со гасен пиштол во Струга

Денеска, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол.

Околу 07:20 часот денеска на улица „Пролетски бригади“ во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол – информира Министерството за внатрешни работи.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружјето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани