Јавните претпијатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема

Ќе се јакнат капацитетите на јавните комунални претпријатија во Охрид и Дебрца. Ќе се набавува опрема со вкупна вредност од 8,6 милиони денари. ЈП Водовод Охрид ќе добие камион кипер , додека за потребите на ЈП Охридски Комуналец и Нискоградба ќе се набавуваат два трактори со пропратна опрема.
Целта е обновување на застарената опрема и поголема ефикасност на јавните прептпијатија, зголемување на квалитетот на работата и намалување на трошоците, велат од Центарот за развој на Југозападниот регион.

-„За општина Охрид за јавните претпријатија за Водовод се набавува камион кипер, исто така се набавуваат и два трактори со пропратна опрема за потребите на Комуналец и Нискоградба. Да ја обновиме опремата така ќе имаме поефикасно одржување на водовод, канализација, отпадотт оа е во рамки на овој проект, изјави Мирјана Лозанкоска директор на Центар за развој на Југозападен плански регион.

Комуналното претрпијатие од општина Дебарца ќе добие двесте канти за отпад.

-„Вкупната вредност е 8,6 милиони од кои од кои што 6,9 милиони денари се од Бирото за регионален развој преку програмата за рамномерен развој , а 1,7 милиони се сопствено учество на општините партнери. Овде имаме две општини Охрид и Дебарца. За општина е предвиено набавка на канти за отпад со капацитет од 250 литри околу 200 најверојатно. Бидејки цените се менуваат но ориентациони ке бидат околу двесте“, додава Лозанкоска.

Јавните прептпријатија кубурат со опрема и финансии. Застарени камиони и трактори чие одржување чини скапо, а ефикасноста е ниска. За овој проект веќе е потпишан договорот со Бирото за регионален рамномерен развој , а ќе се реализира оваа година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани