
Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во ОУ ,, Братство и единство ” Лескајца.
Наша замисла е постојано инвестирање во образовните институции на територија на Општина Охрид . Во таа насока се одвиваат и нашите активности.Во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца градежните зафати за реконструкција на санитарните јазли и електричната инсталација завршија, информира градоначалникот Пецаков.
Вредноста на реконструкцијата на санитарните јазли изнесува 1 313 600 денари, додека вредноста за реконструкција на електричната инсталација изнесува 824 188 денари.