
Пожар во куќа во село Лескоец, нема повредени.
На 01.02.2023 во 02.15 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во куќа сопственост на Т.Д.(67) од охридското село Лескоец, во кој нема повредени лица. Интервенирала територијалната противпожарна единица Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.