
Во два одделни случаи, две тепачки во Охрид и Струга.
Дваца стружани се тепале на улица.
На 31.01.2023 во 23.45 часот во зграда на улица „Ристо Крле“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Б.(59) и Г.П.(36), двајцата од Струга. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тројца охриѓани се степале во Охрид.
На 30.01.2023 година, во СВР Охрид, приведени се А.Д.(43), П.Р.(36) и Н.Д.(40), сите од Охрид. Тие, претходно околу 22.30 часот на улицата „15 Корпус“, физички го нападнале З.Т.(48) од Охрид. По докумнетирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветен поднесок, стои во билтенот на СВР Охрид.