
Основниот суд Струга ги потврди обвинувањата на родилката од Дебар, која остана без три органи, докторот Мухамед Асани работел на црно во нелегална ординација во својот дом. Тој е осуден за давање здравствени услуги без дозвола, прегледувал пациентки и водел бремености од 2015 до 2020 година.
Во судската пресуда стои:
„Му се утврдува казна затвор во траење од 2 години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши ако осудениот во рок од 4 години не стори ново кривично дело“.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека докторот кој беше и поранешен директор во просториите на неговата семејна куќа во Струга на приземје опремил ординација која не била регистрирана и означена за што сведочеа пациентката Јилдз Веапоска и други две родилки.
-„Ги доставивме доказите кои што ги имавме за тоа што одевме во неговата ординација бевме сослушани од страна на судот и мило ми е што што се донесе ваква одлука и се докажа дека работел во таква нелегална ординација“ , вели Јилдаз Веапоска родилка од Дебар сведок во постапката.
Жените кои ги прегледувал Мухамед Асани плаќале за секој преглед, а не добивале никаква документација, ниту сметка.
-„Ми наплатуваше за секој преглед , од 1200 до 1500 денари зависи од тоа колку ќе побараше докторот што интервенција ке завршеше. Парите му ги дававме во раце, а не добивавме фискална ниту било каква документација“ , додава Веапоска.
Во меѓувреме Мухамед Асани, како првообвинет, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска, и тројцата гинеколози од струшката болница се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. Поради лекарска грешка при породување го загрозија животот на родилката Веапоска, а таа денес живее без бубрег, јаник и матка. Овој судски процес продолжува на 10 март.
Новинар Соња Рилковска