
Пресудата за гинеколот Мухамед Асани, поранашниот директор на струшката болница, кој се пет години работеше на црно во имрповизирана ординација во семејниот дом, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Правниците Јанаки Мировски и Александар Димитријевиќ, јавно ја искоментираа пресудата која ја донесе струшкиот суд , 2 години затворска казна но таа нема да се изврши доколку во 4 години обвинетиот не направи ново кривично дело.
Пишуваат докторот Асани и натаму ќе работи како лекар, не доби забрана за вршење дејност.
„Докторот од Струга доби условна за работа на црно, а тек сега ќе се води процесот за лекарска грешка. Мора да се упати апел на одговорноста кон медицината како најтешка професија. Со санкционирање на непрофесионалноста се дава предност на сите квалитетни доктори кои оваа професија ја работат од хумани причини“, напиша адвокатот Димитријевиќ, пренесе Макфакс.
Митровски, медицинарот Aсани го нарекува „доктор Менгеле“, кој пак е германски лекар кого го именувале како „ангел на смртта“ поради неговите дејства во Аушвиц и другите концентрациони логори.
„Доктор Менгеле од Струга што и извади пола органи на родилката од Дебар, и покрај тоа што не призна вина и си тераше постапка, денес лабаво си доби условна. А да, и Лекарска комора не му ја зема лиценцата, не гледаат луѓето ништо спорно. Пак ќе си тера лекар бидејки не видов со пресудава да му се забранува да врши дејност“, пишува Митровски.
Мухамед Асани е првообвинет и во случајот со родилката Јилдаз Веапоска, на која поради лекарска грашка и беше загрозен животот а денес живее без три органи бубгрег, матка и јајник. За ова дело тече паралелелн судски процес.