
Двајца возачи возеле под дејство на алкохол.
На 03/04.02.2023 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид, полициските службеници затекнале 02 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.