
Охриѓанец измамен при купување пелети.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано соменние за сторено кривично дело „измама“. Тој, со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.