
Четириесет спасувачи и 22 армиски специјалци ќе бидат испратени да помогнат во пребарувањето на урнатитените во потрага по преживеани по катастрафоалниот земјотрес кој утрово ја потресе Турција. Владата на вопнредна седница донесе одлука за финансиска помош, но и за помош во материјали и опрема која е повеќе од неопходна во моментов.
Владата го задолжи министерството за финансии да одобри шест милиони денари кои ќе бидат испратени како помош за настраданите во земјотресот.
„ Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција“, соопштија од Владата.
На предлог на Дирекцијата за заштита и спасување Владата одобри испраќање на 40 припадници на републичките сили за заштита и спасување кои треба да помогнат во санирањето на последиците од земјотресот. Спасувачите ќе заминат утре со шест возила во кои ќе биде опремата средства за пребарување и спасување од урнатини а со нив одат и две противпожарни возила.
Исто така на предлог на министерството за одбрана одобрено е испраќање на тим за заштита и спасување кој го сочинуваат 22 лица припадници на Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња. Пoкрај тоа од Одбрана се обезбедни 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.