Бесправно се гради споменик на Косово во Струга

Во строгиот центар на Струга, покрај реката Црн Дрим ќе „никне“ спомен- обејежје на Република Косово. Мнозинството во струшкиот совет донесе одлука за поставување на бетонскиот споменик на кој ќе стои натпис испишан на македонски, албански и англиски јазик:
„Со благодарност до стружани за нивната хуманост и гостопримливост за време на воениот кофликт во 1999 година“.
Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека изградбата на споменикот е бесправна, не е обезбедена минимум техничка документација и проект.

„Не може да се гради споменик спротивно на законот за градење, без ревидиран проект без потребната техничка документација на кејот на реката Црн Дрим што претставува обична провокација и со кој се сквернави ова шеталиште“, вели Ален Деребан претседаѕел на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ велат се гради споменик на друга држава, во време кога спомениците на македонските херои се сквернават и уништуваат.

– „Косово доколку искрено сакаше да изрази благодарност на граѓаните на Струга, можело тоа да го стори на поинаков начин можело да изгради споменик на нивна територија како што тоа го сторило со изградба на споменици на многу државници од други држави“ , додава Деребан.

Претседателката на Советот на Општина Струга, Арбереша Влаши, вели дека спомен-обележјето преставува додадена вредност во знак на благодарност за хуманоста, а одлуката е донесена врз документација.
Спомен обележјето ќе биде од бетон високо 3,5 метри, подарок од Генералниот Конзулат на Република Косово во Република Македонија.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани