

Културно историските споменици оставени на забот на времето. Распаднати, запуштени и уништени. Најголем дел од спомениците, спомен плочи и бисти со години се цел на вандали и собирачи на старо железо. Историчарите сметаат дека потребно е да се изготви Регистар и мапа на ова вредно богатство но и поголема грижа од страна на надлежните и локалната.
Регистарот предлагаат да биде во дигитална форма.
– „Јас сум сведок на огромен број споменици кои што за жал не се би рекол оставенни во заборав меѓуто не се обрнува доволно внимание кон нив. Затоа апелирам до надлежните и до локалната и до министерствата навистина да се посвети внимание. Да се направи еден Регистар, една мапа на културно историски споменици, бидејќи Охрид покрај црквите мора да имаме и регистар на споменици“, вели Никола Митровиќ историчар.
Спомениците кои се неми сведоци на едно минато време, се подзаборавени. Никој не води грижа за нивното одржување. Тие се многу важен белег за еден народ и за една држава. Историчарите велат потребен е стручен тим, кој работи за заштита на спомен обележјата.
„Стручноста е неопходна во културата, стручноста е неопходна во историјата како и во сите професии, меѓутоа кога се работи за заштита на културно историските споменици дефинитивно мора да има професионален тим“, додава Митровиќ.
Негрижата ги вандализира спомениците. Вандали често ги кршат бистите, им отсекуваат глави , ги сквернават, а со тоа го уништуваат сопственото историско наследство. Според добрите познавачи потребна е поголема грижа, спомен обележјата треба да останат патоказ за сегашните и идни генерации.
Новинар Соња Рилковска