
Во соработка со Црвен крст Охрид денес во ООУ ,,Св. Климент Охридски” беше одржано стручно предавање од обучен врснички едукатор на тема: Превенција на болести на зависност за учениците од осмо и деветто одделение.
,,Едукацијата на нашите ученици за оваа проблематика е навистина важна и клучна во процесот на развивање свесност, градењето ставови поврзани со оваа тема, нејзино разбирање и секако, придонесување во процесот на формирање на психофизички здрави индивидуи”, информираат од ООУ ,,Св Климент Охридски”.