Ден на жалост во спомен на жртвите во земјотресот Турција-Сирија

Владата го прогласи денешниот ден, за ден на жалост во спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија.
Македонското знаме ќе биде истакнато на половина копје, во земјава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство, а агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите соодветно да ја прилагодат програмата..

-Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. – препорачаа од АВМУ..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани