Малите занаетчии се потешко се справуваат со кризата

Малите занаетчии се потешко се справуваат со кризата. Се жалат, велат  едвај сврзуваат крај со крај. И покрај мерката  на владата малите занаетчии,  да плаќаат за 20% поевтина струја сè додека трае кризата сепак повеќето од нив оваа зима работат со скратено работно време за заштеда .

Поголемиот број не можат да ја покријат ни потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на месецот.

„Повеќето дуќани во зимскиот период работат со скратено работно време заради намалување на трошоците. Недела беше дозволено да се  работи во туристичките места, но не го работиме затоа што иако ни е даден , не го работиме поради намалување на трошоците. Зимно време трошоците се навистина големи, тргнувајќи од електричната енергија најповеќе и најголемиот дел е што нема потрошувачи. Сето тоа ги зголемува трошоците а работа се помалку“, вели Сашо Богоески претседател на занаетчиска комора Охрид.

Занаетчиите велат дека трошоците се огромни како за сметки така и за кирии, а потрошувачката многу мала во овој период од годината. Голем број занаетчии ставија и клуч на врата.

„Континуирано бројот опаѓа причината е што во 2016/2017 година со владините мерки тогаш даваа пет години платени придонеси за плата и персонален данок. Е сега кога поминаа тие пет години тие сите што имаа отворена фирма сега ги затвораат и бројот на фирмите опаѓа. Сега најсигурно е затворија фирмата што е лошо и лоша политика на владата требаше да бидат донесени и заштитни мерки, за после тие пет години да мораат да работат занаетчиите“, појаснува Богоески.

Старата чаршија, во минатото беше симбол на занаетчиството во градот, но за жал од година во година бројот се намалува  ,од регистрираните 280 пред неколку години денес има 225 занаетчии.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани