На ФТУ стручни предавања на учениците од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”

На Факултетот за туризам – Охрид се одржаа серија на стручни предавања на учениците од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид.

Предавањата се резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции, иницирана од страна на Проф. д-р Александар Трајков и Проф. Горан Попоски.

-„Предавањата беа одржани од страна на Доц. д-р Бојан Србиноски и Проф. д-р Александар Трајков, а паралелно, Деканот на ФТУ – Охрид Проф. д-р Снежана Дичевска оствари средба со претставници на училиштето на која беа договорани и други форми на соработка“, информираат од ФТУ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани