Приведени две лица од Република Албанија, запленети 232 парчиња охридска белвица

Приведени две лица од Република Албанија, запленети 232 парчиња охридска белвица

По претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од Република Албанија.

При контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија, информираат

Х.ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани