За три часа 24 казни за забрането претекнување

За три часа казнети 24 возачи за забрането претекнување.

-,,На 17.02.2023 година од 14 до 17 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 24 возачи на моторни возила кои, на забранети и непрегледни места извршиле претекнување на други моторни возила (Охрид-09, Струга-03, Кичево-01, Дебар-11). Против нив, поднесени се соодветни платни налози”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани