
Од утре сирна недела или месопосна недела. Тоа е неделата пред Прочка и пред почетокот на Велигденскиот пост.
Недела сиропусна – Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во тие денови не се јаде месо, туку се јадат млеко и јајца и продукти што ги содржат нив. Со месо се запостува претходната недела навечер, кога последно се јаде месо и потоа, дури на Велигден.
Бела недела – е затоа што во текот на целата седмица, дури и во среда и во петок, се јаде млеко и млечни производи во сите видови и производи со млеко и јајца.
Проштална недела или Недела на проштевањето – Седмицата завршува со неделата во која луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста.
Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост.
Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца.
Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост.