
Волонтерската работа во Македонија не е доволно препознаена, и е многу малку застапена, за разлика од развиените земји на западот, каде се забележува и до 40% вклученост на популацијата во општествено корисна работа, како придонес на секоја индивидуа кон заедницата.
-„Со цел афирмација на ваков вид ангажман, мотивирање на индивидуите, креирање алатки за волонтерска работа, започнува нов Ерасмус+ проект од подпрограма за образование за возрасни, насловен Train to act, под координација на партнер од Норвешка “Vofo ”- The Adult Education Association. Како еден, од вкупно пет партнери од различни европски земји, од македонска страна се јавува здружението „Ортет“.
Во наредниот период е предвидена изработка на водич со насоки за работа, кој би го олеснил процесот на вклучување на лицата во ваков тип работа, бидејќи недоволната организираност и нејаснотии околу истата, се воедно и една од причините за слабата мотивираност на населението.